DiscoverRadio D | Учење германски | Deutsche Welle
Radio D | Учење германски | Deutsche Welle
Claim Ownership

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle

Author: DW.COM | Deutsche Welle

Subscribed: 29Played: 153
Share

Description

Paula und Philipp recherchieren mysteriöse Fälle. Folgen Sie den Redakteuren von Radio D quer durch Deutschland und lernen Sie dabei die deutsche Sprache! Dieser Kurs trainiert in besonderer Weise das Hörverstehen.
26 Episodes
Reverse
Тажна вест: Колегата Ајхан се збогува и се сели во Турција. Иако колегите му приредија изненадување, на забавата нема весело расположение. Кога Паула утрото пристигна во канцеларијата, ги затекна подготовките за забавата. Но, причината за прославата воопшто не и’ се допаѓа. Ајхан ја напушта редакцијата на Радио Д и заминува за Турција за да му помогне на татко му. За збогум во редакцијата се држи и мал говор, а има и подарок за Ајхан, што треба да го потсетува на неговата пријателка Ојлалија. Поради прославата на денот, Професорот во оваа епизода се откажува од граматичките единици. Но, сепак не може да одолее да ги спомне сложенките.
Уредниците се обидуваат да го истражат значењето на зборот „getürkt“. Освен тоа, посетуваат необично пристаниште, каде секој брод добива посебен поздрав.Во пристаништето Вилком-Хефт бродовите ги поздравуваат со националната химна на земјата, под чие знаме пловат. Во форма на радиодрама Паула и Филип потсетуваат на почетоците на оваа традиција. Со тоа е поврзано можното објаснување за значењето на зборот „getürkt“. За тоа време Ајхан чека во редакцијата и времето го минува читајќи книга за утки. Ајхан и чита на Ојлалија, бидејќи таа не знае да чита. И во оваа епизода повторно станува збор за глаголски префикси. Како се менува значењето на глаголот преку префиксот?
Утката Ојлалија ги наведува урединиците на вистинската трага. Тие откриваат дека колегите од весникот „Хамбургер цајтунг“ ги имаат замешано прстите во оваа игра. Паула, Филип и Ојлалија откриваат дека весникот „Хамбургер цајтунг“ ја измислил приказната со наводната ајкула за да го зголеми тиражот. Подоцна меѓу Филип и Паула избива караница околу користењето на еден збор. Поканата на Филип, заедно со Паула да го посетат пристаништето Вилком-Хефт, треба да ја смири неговата пријателка. Доколу Филип внимаваше на изборот на зборови, Паула немаше да се налути. Нијансите понекогаш се важни и кај префиксите на глаголите. Некои префикси го одредуваат значењето на глаголот. Исто така треба да се внимава на одделувањето на префиксот од глаголот кај одредените форми.
Паула и Филип ја решаваат загатката околу наводната ајкула и уште еднаш откриваат измама. На почетокот не им е јасна причината за оваа случка. Неочекувана помош пристигнува од утката Ојлалија. Во потрага по исчезнатиот сурфер Паула и Филип среќаваат нуркач и тоа ги наведува на решение на загатката за ајкулата. Нуркачот со перка на грбот го преплаши половина Хамбург. Но зошто го прави тоа? Ојлалија, која во меѓувреме пристигна во Хамбург, може да помогне. И таа има некои сознанија. Ојлалија, со нејзината набљудувачка мисија ја воведува формата за минато време перфект. Посебно внимание заслужува градењето на партицип перфект.
Филип и Паула тргнуваат по трагите на ајкулата. Тие откриваат нешто многу чудно. Штица за сурфање, но без сурфер. Нивното внимание го привлекува и збунувачки напис во весник. Малку понастрана од турканицата двајцата уредници се обидуваат да дознаат што се крие зад приказната со мистериозната ајкула. Со оглед на скршената штица за сурфање без сурфер може да се очекува најлошото. Тогаш во весникот „Хамбургер цајтунг“ откриваат уште и фотографија од ајкулата... и нивните колеги Лаура и Паул, кои навистина изгледаат преплашени. Но, како сево ова да се поврзе? Барем во граматиката некои работи се совпаѓаат. Во оваа епизода тежиштето се става на заменките "sie" и "er", кои како и во претходната глава и’ се прилагодуваат на именката.
Со оглед на неподносливите температури во редакцијата на Радио Д, на уредниците добро им доаѓа задачата што треба да ја извршат на море. Паула и Филип патот ги води кон Хамбург. На Паула, Филип и Ајхан не им е лесно. Горештината во канцеларијата е неподнослива, а нема ни вентилатор. Компу лесно може да ја исполни желбата на Паула за излет на езеро или море. Уредниците мораат да заминат во Хамбург, каде на пристаништето е видена ајкула. Уредниците не можат да се пробијат поради толпата луѓе кои се собраа заради ајкулата. Компликувано станува и за Професорот. Овојпат целосно се посветува на наставката на членот во машки род во акузатив. Негацијата "kein" по истата шема и’ се прилагодува на именката.
Паула и Филип ги прашуваат слушателите за мислење. Тема во емисијата е: „Може ли лагата да биде грев?“ "Може ли лагата да биде грев?" Ова прашање Паула и Филип им го поставуваат на слушателите. Повод се круговите во житното поле, за кои известуваа двајцата уредници. Дали измамата на селаните е за осуда или наивните туристи се самите одговорни за тоа? Одговорите на слушателите се еднозначни. За разлика од слушателите, кои на прашањето на редакцијата можат да одговорат со да или не, Професорот поставува задача со три можни одговори. Во германскиот, покрај женскиот и машкиот род, постои и среден род. Тоа се појаснува со членовите "der", "die" и "das".
Иако се знае дека круговите во полето ги направиле селаните, Ојлалија цврсто верува дека постојат НЛО. Во потрага по мислењето на селаните за измамата со круговите, патот Паула и Филип ги води во локалната кафеана. Паула и Филип ја открија измамата со круговите во житните полиња, но не се сосема сигурни, дали можеби сепак постојат НЛО–а. И што значи всушност кратенката НЛО? Ојлалија може да им помогне, и дури тврди дека видела едно НЛО. Конечно двајцата уредници во локалната гостилница ги прашуваат гостите што мислат тие за круговите во житото. Мислењето на гостите е добра можност да се воведе претеритумот. Повеќе внимание ќе му посветиме на неправилниот глагол "sein". Уште еднаш ќе се навратиме и на модалниот глагол "können". Притоа внимавајте на промената на вокалот во глаголската основа.
Паула и Филип се обидуваат да ја откријат тајната за мистриозните кругови, со тоа што ги набљудуваат полињата. Она што го откриваат, е спротивно на теоријата дека круговите се дело на вонземјани. Додека досетливиот сопственик на полињата преку ден им наплатува на туристите пет евра за дозвола за сликање, кога падна ноќта Паула и Филип се скрија во шумата. Тие чекаат да се појават НЛО-а. Наместо нив доаѓаат двајца мажи со машина. Дали ги направија круговите во полето за да привлечат туристи? Но, се чини дека сепак се појавува НЛО, што предизвика збунетост. Помалку збунувачки од случувањата во житното поле е глаголот "machen", кој е многустран. Професорот покажува голем број случаи во кои се употребува овој глагол.
Мистериозни кругови во житно поле се новиот предизвик за Паула и Филип. Станува збор за писта за слетување на НЛО или некој сака да заработи на сметка на љупобитните? Кога Ајхан доаѓа во редакцијата, Паула и Филип веќе се заминати да направат репортажа. Во житно поле се пронајдени загадочни кругови за кои никој не може да објасни како настанале. Оваа атракција е привлечна не само за двајцата туристи, туку и за многу туристи, па селаните брзо открија како може да извлечат корист од неа. Во масата посетители има луѓе со различни интереси. Туристите сакаат да ја задоволат љубопитноста, уредниците да ја решат загатката, а селаните да заработат многу пари. Се создава можност за подробно да се разгледа модалниот глагол „wollen“.
Трагичниот јунак Икар од грчката митологија ги фасцинира двајцата новинари. Но, знаат ли слушателите воопшто кој е Икар? Паула и Филип ги запознаваат со него и ја раскажуваат неговата приказна. Костимот на Икар, што го носи едно момче, им даде идеја на Паула и Филип. Тие во облик на радиодрама го обработуваат грчкиот мит. Во него се раскажува за момчето Икар, кое не ги слуша предупредувањата на неговиот татко Дедал. Тој не може да му одолее на искушението да лета блиску до сонцето, сé додека тоа не го стопи восокот на неговите крилја, поради што паѓа во водата. "Не летај многу високо, не летај многу ниско" му вели Дедал на синот Икар. Со императивот, за кого ќе зборуваме во оваа лекција, може да се изрази молба, барање, предупредување или наредба. Доколку Икар ги сфатеше предупредувањата на татко му како наредба, можеби немаше да падне во морето?
Уредниците Паула и Филип уште еднаш од улица известуваат за карневалот. Притоа откриваат многу различни костими и попатно учат различни германски дијалекти. По враќањето во канцеларијата, Паула му се одмаздува на Ајхан и за чудо, притоа користи карневалски обичаи. Паула и Филип се на карневалската бркотница на улица и уште еднаш известуваат за оригиналните костими. Тие го среќаваат Папагено од моцартовата опера „Волшебната флејта“, но и Икар, јунак од грчката митологија. На карневалот Филип и Паула запознаваат луѓе од различни региони и со нив и различни дијалекти, на кои повеќе ќе им се посветиме во оваа лекција.
Филип, наспроти очекувањата, жив и здрав известува од Шварцвалд и му се препушта на карневалското расположение околу него. Неговата колешка Паула, пак, има проблеми со карневалските обичаи. Филип ужива во карневалската атмосфера. Карневалската бркотница, пак, влијае сосема поинаку на Паула, која не само што го бара Филип, туку и неговиот украден автомобил. Притоа дополнителни потешкотии и` претставуваат костимите. Згора на сé и Ајхан се шегува со веќе изнервираната Паула. Толку разновидни како костимите за карневал, се и функциите на глаголот „sein“. Во оваа епизода ќе обрнеме внимание на различните дополнувања на глаголот.
Во редакцијата на Радио Д постои поделено мислење за карневалот. Различни се мислењата и на двајцата уредници, кои добиваат задача од Компу, од Шварцвалд да известуваат за карневалот. За карневалот кој во некои делови на Германија се слави интензивно, постои поделено мислење во редакцијата. Паула не може да го сфати ентузијазмот на Филип, и смета дека неговата маска на вештерка е смешна. Филип многу го израдува тоа што за новата задача треба да се патува во Шварцвалд. Таму, во карневалската бркотница, луѓе маскирани во вештерки крадат автомобили. Паула и Филип треба во живо да известуваат од карневалот, но тоа не им успева. „Вештерките“ го извлекуваат Филип од неговиот автомобил. Помалку хаотична од карневалските денови е структурата на реченицата во германскиот јазик. Затоа ќе обрнеме особено внимание на позицијата на субјектот и предикатот во реченицата.
Доколку нешто не сте разбрале, добро решение е да препрашате. Професорот одговара на дописи од слушателите за досегашните лекции: добра можност за повторување и продлабочување на содржините. Слушателите прашуваат, Професорот одговара. Притоа тој детално ги обработува сите прашања. За слушателите тоа е одлична можност да ги повторат содржините и да го продлабочат знаењето или едноставно да прашаат за она што отсекогаш сакале да го знаат. Прашањата на слушателите: Која форма на обраќање се употребува во која ситуација? На кого му се обраќам со „ти“ или со „Вие“? Како да се претставам? Кога го користам името, а кога презимето? Какво значење имаат модалните партикули „denn”, „doch“ и „eigentlich“ и која е разликата меѓу „nicht“ и „nichts“?
Од каде всушност потекнува името Ојлалија? Компу, Ајхан и Јозефине го истражуваат значењето на името и наоѓаат повеќе одговори. Им помага колега од шпанската редакција, кој веќе слушнал дека во редакцијата има утка. Утката би сакала да знае какво значење има нејзиното име. Во редакцијата на Радио Д се ангажираат и дознаваат дека името има грчко потекло. И колегата Карлос од шпанската редакција има интересна информација на оваа тема. Тој познава светица со истото име. Во редакцијата повторно има многу неразјаснети прашања. Можност да обрнеме внимание на прашални реченици со и без прашални зборови. Притоа интонацијата на прашалната реченица е од особено значење.
Филип се среќава со човекот кој во мјузиклот го глуми кралот Лудвиг и го замолува за интервју. Тој притоа го препознава неговиот глас. Во редакцијата за тоа време има неочекувана посета. Во замокот Нојшванштајн, Филип успева и без помош од Паула да одговори на прашањето: кој го игра кралот Лудвиг? Тоа е актерот од мјузиклот „Кралот Лудвиг“. Филип ја користи можноста да побара интервју од него. Кога пристига во Радио Д, тој е изненаден од необичната посета. Таму го чека утка што зборува. Во оваа лекција има повеќе изненадувања за Филип. „Не верувам во тоа.“ и „Јас не знам ништо.“ - рече тој повеќе пати. Ќе зборуваме и за негацијата „nicht“.
И Филип наидува на трага која ќе му помогне да ја открие тајната на непознатиот човек: во весникот тој наоѓа оглас за мjузикл посветен на кралот Лудвиг. На патот до театарот тој интервјуира туристи од целиот свет. Додека Паула е во редакцијата на Радио Д во Берлин, Филип патува за Минхен. Тој сé уште не знае што откри Паула. Но и Филип е на вистинскиот пат да ја одгатне загатката. Огласот за мјузикл посветен на кралот Лудвиг го прави љубопитен и него. Во автобусот, на патот до театарот, тој ги прашува туристите за нивните очекувања од мјузиклот. Во оваа лекција се вежба разбирање на јазикот преку слушање. Во автобусот треба од мноштвото јазици да се препознае германскиот. Освен тоа се обработува позицијата на негацијата „nichts“ зад глаголот.
Паула и Филип го распрашуваат наводниот крал Лудвиг во замокот. Но, тогаш Паула сосем случајно открива нешто многу интересно. Таа се сети кој е всушност мистериозниот странец. На двајцата млади уредници им успева да направат интервју со наводно воскреснатиот крал Лудвиг. Но, сепак останува неразјаснет вистинскиот идентитет на таинствениот странец. Кога Паула повторно се враќа во канцеларијата, слуша рекламен спот што и помага да го дознае решението на одговорот. Гласот што се јавува во спотот и` е познат. Наклонетост кон некои работи не може да се изрази без притоа да не се каже кого или што сакаме. На глаголот „сака“ потребно му е дополнување, акузативен објект.
Паула и Филип го претставуваат романтичарот Лудвиг од Баварија и нештата кои тој најмногу ги сакал. Двајцата уредници ги водат слушателите на патување во 19 век и го претставуваат романтичниот крал Лудвиг: неговата љубов кон природата, музиката на композиторот Рихард Вагнер и блиската врска со неговата братучетка, легендарната кралица Сиси. Оригиналната маса, што Лудвиг самиот ја конструирал, кај Сиси предизвикува вчудовидување. Во оваа лекција станува збор за работите што Лудвиг особено ги сакал - добра можност да го анализираме глаголот „сака“. Истите наставки се користат и за глаголот „kommen“.
loading